Поп пејачот Филип Пешевски најверојатно стави крај на неговата музичка кариера или конечно некој му дошепна дека не може повеќе да плива во естрадните води. Момчето од Радишани, неколку години се обидуваше да се истакне во музичките кругови, да добие своја публика ,но очигледно тоа не му одеше од рака. Во неговите интервјуа  се предсатвуваше како момче од скромно работничко семејство,дека е невиден талент, но сетоа тоа беше само маска колку да добие поени кај спонзорите, односно сожалување.Но и тоа веќе не пали.Новинарите брзо му ја открија намерата, па на  пејачот му остана само свадбарската улога, односно тезгар, со веќе заборавената група “ Арија“.Филип проба буквално се, песни, музички видео записи, разголени фотографии,но се беше џабе.  Харизманата не се купува.Последниот обид беше да направи дует песна со Тв водителката Лила Филиповска која несебично му ја даде нејзината слава на дланка. Роберт Билбилов му направи  дури и песна која ден денес не е платена, но и тоа не помогна.Интригите и користољубието  го направија своето. Филип ќе го ставуиме во кошницата полна со т.н. “таленти“ , кои од пети жили сакаа да станат селебрити, а такви ги има многу.