Што ви е потребно?
1/4 парче од брокула
1/2 страк праз
1 морков
1 компир
1 главица кромид
1 рака фиде
1,2 л вода
мешан сув зачин, сушен магдонос и бибер по вкус
Како да ја направите?
Сите состојки ги ставате во тенџере да се сварат. Потоа ги вадите кромидот, брокулата и празот и ги ставате во блендер. Морковот и компирот се сечкаат на ситно. Ги враќате сите состојки во течноста и продолжувате со варење некоја минута, заедно со фидето и зачините. Можете слободно да ја исклучите ринглата кога ќе почне да врие, затоа што од постигнатата температура ќе се свари и фидето, а нема да се развари и распадне.
Следетене на