Љубовната приказна од добропознатиот филм „Pretty women“ е во срцето на секој што го гледал. Хотелот „Four Seasons“ во Беверли Хилс, ја преточува фантазијата од овој филм во реалност. Ви нуди можност да ја проживеете оваа љубовна бајка токму на местото каде што се одиграла, плус нуди викенд пакет кој на гостите им дава прилика да ги оживеат клучните елементи од филмот.
Овој хотел Ви нуди уникатна можност за викенд романтичен ескејп од секојдевната рутина. Може сами да го планирате вашиот романтичен одмор. Викенд пакетот вклучува престој во апартманот каде се снимал Pretty Woman, каде може да се опуштите во топла купка и со слушалки на глава да ја слушате песната Kiss.
Дел од овој пакет е и шопинг искуството во луксузните бутици со шопинг асистент во иконскиот Родео Драјв, бутикот Валентино, со буџет од по 50.000 долари.
Гостите ќе се возат во Rolls Royce автомобили до градината на вилата Greyston, за пикник инспириран од сцената од филмот. Добивате и услуги од професионални стилисти, доколку Ви е потребна, пред посетатат на Wallis Annenberg Centar или LA Operu.
Овој романтичен пакет ќе биде достапен од први јануари 2020 година. Цената на пакетот е 300.000 долари.
Сликите и информациите се превземени од официјалната страна на хотелот Four Season.
Следетене на