Во позадина на сите светски музички хитови секогаш се наоѓа гитарата. Тој на носи круната на најважните инструменти во светот на музиката. Оваа статија ја посветивме на најскапите гитари во светот кои се продадени на аукција за енормни цени. Дали нивните сопственици уживаат да свират на скапи инструменти или само да поседуваат парче од музичката историја, сеуште не знаеме.
Fender – Rich out so Asia – 2.7 милиони долари
За да се произведе оваа гитара Фендер го чинело од 15 000 до 20 000 долари, а е изработена за да се подржи кампањата ,,Rich Out to Asia“, посветена за хуманитарна помош за погодените од цунамито 2004 година. Меѓутоа вредноста на гитарата не ја прави нејзината вредност, туку сите тие 19 потписи од иконски рок ѕвезди.Имиња како што се Ерик Клептон, Паул Меккартни, Стинг и многу други се потпишале на ова уникатно музичко парче.
Гитарата на John Lennon Gibson – Ј-160Е- 2.41 милион долари
Оваа гирата припаѓала на членот на групата Битлси – Џон Ленон. Со оваа гирата биле создадени историските музички хитови ,,She loves you“ и „I want to hold your hand“.
Peter Green 1959 Les Paul – продадена за 2 милиони долари
Ова е најпознатиот бренд за изработка на гитари, популарен кај рок музичарите. Оваа гитара е купена од легендарната ѕвезда Кирк Хамет од Металика.
Jerry Garcia Wolf – продадена за 1.9 милиони на аукција
На светските листи за најскапо продадени гитари се наоѓаат дури две на Џери Гарсија, од кои првата е следнава Wolf гитара продадена за 1,9 милиони долари.
Bob Marley Washburn 22 – продадена за 1.2 млиони долари
Еве еден интересен факт – Боб Марли низ целата негова музичка кариера поседувал само 9 гитари, во споредба со многу млади музичари кои ,,изгореле“ и по 10 гитари до нивната 21 година. Затоа секоја негова гитара има и уникатна цена!
Fender гиратата на Bob Dylan од 1964 – продадена за 965,000 долари
Ова е првата гитара на Боб Дилан кога се префрлил на електрични гитари. Со неа свирел на Њупорт Фолк Фестивалот во 1965 година.
Следетене на