Прв на листата е фестивалот на ледените скулптури во Зволе Холандија кој започнува од 14 декември 2019, а трае до март 2020. Зволе е историски град со средновековно минато, а ледениот фестивал кој се одржува секоја година мами илијадници туристи во зима. Ќе уживте во фантастичните ледени креации, мраз-бар кој е богат со познатите холандски колбаси, топло вино, штрудла од јаболка со топол сос од ванила.
Карневалот во Ивреа, Италија започнува од 23 февруари и трае до 26ти февруари. Во овој преубав град секоја година се одржува познатиот карневал кој е впечатлив по ,,битката со портокали“. Целта на фрлањето портокали е да се ,,убие“ маркизот, кој според легендата бил многу злобен и ја сакал ќерката на некој локален мелничар. ,,Битката со портокали“ завршува со погребот на маркизот. Секоја година се истураат тони од портокали кои се донесуваат од Сицилија и се користат за оваа намена, а фестивалот е премногу забавен. Сигурно нема да бидете дел од ,,битката“, може само да уживате во претставата, како и во уличната храна, мирисот на цитрус кој се шири низ цел град.
Карневал во Птуј, Словенија кој започнува од средината на февруари и трае до крајот на месецот. Тука ќе наидете на интересни маски, а целта на парадата е интересна, да се протераат злобните демони и зимата и да се повика пролетта. Улична забава со домашно калено вино, вкусни крофни која сигурно ќе ја паметите.
Секоја зима во месец февруари, Венеција се транформира во спектакуларно засолниште на фантастични маски и екстравагантни паради. Тесните, мистериозни улици на градот и прекрасниот плоштад на Сан Марко се заробени од мистериозно маскирани весели луѓе, додека елегантните гондоли исполнети со интересни ликови пловат по каналите. Фестивалот во Венеција мора да се гледа барем еднаш во животот!
Покрај добропознатиот Бразилски карневал, карневалот во Венеција тука ќе го спомнеме и Карневалот во Ница-Франција. Од 15ти до 29ти февруари оваа година ќе може да уживате во прекрасните паради украсени со многу светли, весели бои и цвеќиња, огромни фигури од папиер, шарени тезги, огномети…
Фестивал на снежни бомби во ски-центар Мејхофен, Австрија оваа година ќе се одржи во април. Овој музички фестивал се одржува веќе 21 година на Тиролските Алпи. Опфаќа 7 луди денови и ноќи исполнети со музика и планинска забава. Познати имиња во електронската музика пеат на сцени на отворено на снежните падини.
Следетене на