Неговите креации се луди,откачени, храбри.Златко Јовановски или попознат во јавноста како ЏејЗи неколку години уназад ја донесе високата мода во Македонија. Креациите на ова младо момче од Тетово стигнаа и  на фешн викот во Кина,па дури и на филмоското платно на неколку славни актерски имиња. Златко е храбар, посебен и секогаш уникатен со своите идеи кои се секогаш чекор напред. Неговата креативност се мери на онаа на неговите постари славни колеги како Версаче или Долче Габана. Многу наши јавни фаци  кои сакаат да бидат уникатни се негови клиенти , а Џеј Зи умее и тоа како да ги скоцка да заличат на светските ѕвезди и да блеснат на црвениот килим.