1ви Ноември е Светскиот ден на веганите.  Денот е воспоставен во 1994 година од страна на Луис Валис, кој е претседател на заедницата на веганите. На овој ден манифетстации се органзираат во Италија, Обединетото Кралство, Австралија, Кина, Грција, САД, Франција.

8ми Ноември е Меѓународен ден на родителите и наставниците – На овој ден се охрабруваат Организациите на родителите и наставниците да ги здружат силите со цел поддршка на децата кон остварување на нивните образовни цели. Истражувањата покажаа дека поголема вклученост на родителите е клучна врска во развојот на вештините за учење на детето, вклучително и читање и пишување.

11ти Ноември е Националниот ден на оригамите – На овој ден е роден Лилијан Опенхајмер, пронаоѓачот на оригамите, па затоа овој ден се слави и како нивен национален ден. Значи, ако ја сакате уметноста да виткате хартија и создавате убави креации од хартија, салфетки овој е Ваш ден!

12ти Ноември е Денот на младите читатели. Целта на овој ден е на младите да им се всади љубовта кон книгата и пишаниот збор.

13ти Ноември е Денот на љубезноста. На овој ден посветете им внимание на луѓето колу Вас, подарете насмевка и убав збор.

17ти Ноември е Меѓународниот ден на студентите. Во 1939-тата година, нацистите погубиле 20 чехословачки студенти кои протестирале против окупацијата. Овој ден за прв пат е одбележан во 1941 година.

19ти Ноември е Денот на мажите – Овој настан се слави во повеќе од 70 земји ширум светот и тоа со поддршка на Обединетите нации, се промовира и безбедноста и здравјето на момчињата и мажите, родовата еднаквост и истакнувањето на позитивната улога на мажите во општеството.

20ти Ноември е Светскиот ден на детето – На 20 ноември 1959 година, Генералното собрание на ОН ја усвои Декларацијата за правата на детето и на 20 ноември 1989 година ја усвои и Конвенцијата за правата на детето, во која се нагласува дека сите деца имаат еднакви права.

25ти Ноември е Светски ден против насилството врз жените и девојчињата. На овој ден започнуваат 16те дена на активизам против ова насилство кои траат до 10ти декември.