Style.mk денес разговара со инспиративната Зорица Нушева или по-позната како Петрунија од филмот кој освои многу позитивни критики на меѓународното тло – Господ постои, името ѝ е Петрунија/God exists, her name is Petrunya!
Зорица овој пат нема да зборува за нејзиниот лик, туку за нејзината љубов кон филмската и театарската уметност, повеќе за нејзината личност и нејзините аспирации.
1. Како би се опишале себе си?
– Емпатија, страст, љубов, оган, тивко но сигурно.
2. Како започнува вашата љубов кон актерството?
– Сосема интуитивно, љубовта е таму кај што се чувствуваш дека цврсто стоиш на тлото под нозе (додека леташ), кога ќе го пронајдеш светот на кој му припаѓаш.. Јас го пронајдов мојот!

3. Театар или филм?
– И Филм, и Театар… со сјајна екипа.
4. Кој е вашата муза/ инспирација?
– Со голема восхит ги гледам врвните актери, но пристојно, повеќе како аналитички. Инспирациите доаѓаат од моменти, како целина на повеќе компоненти, не само заради одредена личност.
5. Вашата омилена театарска претстава, омилен театарски лик?
-Ги очекувам со широко отворени раце, се чувствувам најзрело до сега.

6. Ваш омилен режисер, филм и актер?
-Stanley Kubrick; „Паразит“ за оваа година; Monica Vitti, Daniel Dey Lewis, Olivia Colman, Meryl Streep… ги има многу.
7. Омилена држава?
-Норвешка
8. Омилен град?
– Барселона, но нигде како дома.

9. Место кое нема никогаш да го заборавите..
– Местата ги поврзувам со емоциите од искуства, дружби и средби со луѓе. Во тој контекст, никогаш нема да ги заборавам моментите поминати во Клуж, Одеса, Стразбург, Сараево, прекрасниот Бад Сааро, на кои многу им се радувам и сум длабоко благодарна што ми се случиле.

10. Каков е културно уметничкиот живот во Македонија?
– Овој период можеме гордо да кажеме меден, горди на луѓето кои стојат позади „Медена Земја“. Горда сум и на успесите на „…Петрунија“ кои ја одбележаа изминатата година. Не би можела да зборувам за цела земја, но Скопје има што да понуди. Имаме одличен избор на претстави, концерти, изложби.. „Нема да платам“ во театар Комедија, „Ана Каренина“ во Националната Опера и Балет се само мал пример што не треба да се пропушти да се види.
11. Кој е вашиот стил?
– Не мислам дека имам конкретен стил во овој период од мојот живот, или ако морам да се пронајдам би било “артси-кежуал” или “смарт-кежуал”, зависно од пригодата. Избирам “рандом” парчиња од кои имам потреба, а тие треба да се само една работа- комотни.
12. Омилен дизајнер?
-Oscar de la Renta
13. Што најчесто купувате од облека?
-Панталони и маички. Највеќе ми се трошат :).

15. Ваше мото?
– Моите деца и мојата фамилија.
16. Планови за 2020..?
– Искрено се надевам дека луѓето на власт и со моќ, ќе бидат паметни во оваа година. Се соочуваме со природни катастрофи, глобално затоплување и што уште да кажеме за нашето загадено Скопје. Мене ме чека напорна и посветена работа, со мирен дух и ум отпорен на куршуми, што е само по себе исклучителен предизвик , фамилија која треба да биде сакана со дела и квалитетно поминато време.. Се надевам оваа година ќе биде плодна.