Британскиот стил отсекогаш бил знак на елеганција, воздржаност и традиционални бои. Тој не содржи непотребни елементи и акцесоари. Облеката во британскиот стил секогаш се одликува со висок квалитет на материјалот, уреден и ненаметлив декор. Зошто британскиот стил го носи врвот во машката мода?

Елеганција

Британците практично го создале идеалното машко одело, елеганција, совршен крој, посветено внимание на деталите и ткаенината. Најчесто елегантното и беспкрекорно сако е комбинирано со волнени ролки и бели маици. Изглед на перфектен џентлмен  со доза на блага ексентричност.

Men's Winter British style Business Casual Slim Fit Woolen Suit Coat

Практичност

Колку е поедноставно, толку е подобро. Британскиот стил понекогаш знае да ги помести границите, но сето тоа во разумна основа. Желбата на Британците да се исктакнат на најдобриот и најсуптилниот начин , а од друга страна да се поклопи со модните барања е многу важна. Позитивно, а многу важно за мажите е тоа што британскиот стил се карактеризира со флексибилност и практичност. За мажите е многу важно да имаат аутфит со кој после работата од канцеларија, можат да ,,скокнат“ на кафе со пријатели или на состанок со девојка. Британскиот стил тоа го дозволува, а за секоја пригода ќе изгледате совршено. Пример за тоа е стилот на Дејвид Бекам.

Milan Fashion Week Men's Street Style | British Vogue #mensfashion

 

Удобност

Британскиот стил е буквално – удобност на елегантен начин. Плетено сако, кошули, џемпери, удобни панталони… Чувството на удобност се добива со разни современи техники без компримитирање на стилот.

11.6 тыс. отметок «Нравится», 136 комментариев — g a l l a (@iamgalla) в Instagram

Пораката на британскиот стил е ,,Мора да ги познавате правилата, пред да ги прекршите“!

 

 

Сликите се превземени од Pinterest