Акупуктура, Ајурведа,Хомеопатија,Натуропатија, Кинеска или Ориентална медицина се широко познати алтернативни практики на лекување и нивните терапии и учења се широко прифатени низ светот.
Овие терапии се практикувале со векови наназад, но нивната примена не застарува туку продолжува да се користи и денес како излез од забрзаниот начин на живеење. Разликата помеѓу конвеционалната и алтернативната медицина е во самиот пристап. Конвенционалната медицина ги третира симптомите и проблемите на одредена појава, додека пак алтернативната медицина се фокусира на превенција и на целокупното здравје (ментално,физичко и емоционално) со предлагање на природно третирање на коренот на појавата.
Алтернативната медицина се фокусира на третирање на болеста или болката преку балансирање на животните навики на една личност како што се сонот, исхраната и стресот.
Преку терапиите кои ги нуди алтернативна медицина луѓето се чувствуваат релаксирано, ги редуцираат негативните емоции, ја намалуваат анксиозоста и ја зголемуваат свеста за здравјето и здрави животни навики. Најголемо значење за луѓето е тоа што имаат контрола врз нивното лекување, односно овој тип на медицина им дозволува и ги остава активно да се вклучат во нивното лекување и опоравување во партнерство и соработка со нивниот терапевт.
На многумина им се допаѓа идејата што комплементарното алтернативно лекување е природно и не е токсично. Тоа што самото лекување има одредена филозофија и учење ги мотивира луѓето да останат позитивни, но и да го подобрат нивниот имунитет преку внесување на здрава и соодветна исхрана за нивниот организам.
Следетене на