Во Австралија осамна, што значи дека следните часови се „клучни“ околу депортацијата на Новак Ѓоковиќ од оваа земја. А сега свој став даде и Ентони Албаниз, лидерот на опозицијата.

Албаниз е поранешен министер за транспорт на оваа земја, а актуелен лидер на опозицијата, кој беше гостин на утринската програма во Австралија, каде главна тема е Новак Ѓоковиќ.

– Како воопшто доби виза? Ова е многу лошо за австралиската репутација, а уште полошо е што додека зборуваме за ова, сè уште не знаеме што ќе се случи, бидејќи не е донесена одлука.

-Одлуката требаше да се донесе пред да му дадат виза, може или да дојде или не. Австралија не дозволува невакцинирани лица да влезат во земјава, не знам воопшто како дојдовме до ова – истакна Албаниз, а набрзо продолжи.

– Австралијците со роднини надвор од земјата знаат колку е тешко да ги донесат овде. Зошто сето тоа не важеше за него? – праша Албаниз.