Огромен е бројот на луѓе, насекаде по светот, кои во периодов се затворени дома во изолација. Голем е и бројот на оние што на спроведената анкета одговориле дека, иако се дома постојано се чуствуваат уморно. Која е причината за таа состојба? Поголем број од психолозите велат дека причината е стресот, а тој е и еден огромен причинител на несоница.
Факт е дека во периодов сите луѓе сме под огромен стрес. Некои повеќе, некои помалку. Се плашиме од болеста, дополнително сме под притисок од стравот да не ја загубиме работата, бизнисот и многу друго. Не плаши помислата – ,,Дали кога овоа ќе помине, ќе ги имаме старите животи повторно“? За да се смирите едноставно прифатете ја ситуацијата и барајте ги и добрите страни во неа.
Друга причина е и недоволното количество на сончева енергија и чист воздух. Затоа обидете се што повеќе време да поминувате на балконот и проветрувајте го домот почесто. Физичката активност исто така може да се избори против исцрпеноста и да Ви ја зголеми енергијата. Започнете го денот со кафе и неколку лесни вежби.
Направете си распоред за работа! Не пропуштајте го ручекот, јадете лесна храна и намалете ги шеќерите. Многу е важно да пиете што повеќе течности. Најдете ново хоби! Вежбајте јога! И многу важно – барем еден час пред спиење оставете го телефонот или таблетот во друга соба. За тоа време читајте добра книга.
Пробајте, веруваме дека ќе се чувствувате подобро!
Следетене на