Слушањето на џез всушност може да има ефект врз типот на мозочните бранови што ги продуцирате – кое може да биде стимулативно или релаксирачко. Слушањето на опуштена музика може: Да ви помогне да се фокусирате и да го смирите срцевиот ритам. Ќе ви помогне да добиете мотивација и да го намалите заморот за време на работа.
Џезот за  прв пат се појавил и ги поврзал црните култури на Њу Орлеанс од мешаните звучни  влијанија и стилови (песни со синкопиран ритам), блуз,  и групна музика што се свирела за време на  погреби. Терминот џез или џес потекнува од креолскиот збор што значи африкански танц и копулација.
Кога слушате џез, музиката ги стимулира смирувачките ефекти на вашето тело, сигнализирајќи му на вашиот централен нервен систем да го намали респираторниот ритам и отчукувањата на срцето. Според истражувања, џезот, исто така, ја подобрува вашата вербална способност, фокус, меморија и расположение, ова е  забележано кај пациенти кои страдале од мозочен удар.
Според истражувањат, луѓето кои слушаат џез се 25 проценти помалку депресивни отколку оние кои не слушаат џез. Слушањето на бавен џез може да ви помогне да го добиете спиењето што ви треба за добро здравје. Музиката ја намалува хемиската реакција на  мозокот поврзана со стресот, го стивнува адреналинот и делува како седатив за да ви помогне да заспиете.
Мајлс Дејвис, познатиот светски трубач, чиешто лирско свирење и постојано менување на стил го направија поим на џез музиката од 20-тиот век, е прогласен за најголем џез уметник на сите времиња.