Се прашувавте кој е идеалниот подарок за Вашите најблиски, кој ќе им изнуди насмевка? Нема ништо подобро од рачно направен подарок од срце. Ние Ви предлагаме домашно направен сапун, кој е многу лесен за подготовка и сигурно ќе Ви користи. Кога веќе сме кај пеперминт производите за убавина, на многу лесен начин може да изработите и пилинг за кожа како и луксузно масло. Спакувајте ги во убава кошница и Вашиот подарок е спремен. Дури може да додадете црвен кармин, лак за нокти, некоја новогодишна декорација…

DIY Peppermint Beauty Gift Basket

Што Ви е потребно?

Новогодишни бомбони стапчиња (candy canes)
Есенцијално масло од пеперминт
База сапун од путер
Масло од бадем
Шеќер
Црвена украсна лента

Масло за тело од пеперминт
Отворете мало шише бадемово масло и додадете 3 капки есенцијално масло за секој мл масло. За изгледот да биде уште поубав додадете гранче од исушена лаванда во шишето.  Затворете го шишето и протресете за да се комбинираат. Не заборавајте да ја отстраните етикетата! Потоа користете канап за да го декорирате шишенцето.

Пеперминт пилинг

Едно пеперминт новогодишно стапче, ставете го во зип ќеса и убаво истолчете го на најситни парчиња. Комбинирајте со пола чаша шеќер и 5 капки есенцијално пеперминт масло. Измешајте ги добро. Додадете 1/4 чаша бадемово масло. Пренесете го во мала украсна тегличка и декорирајте со новогодишна лента.

Homemade Peppermint Foot Scrub

За да изработите пеперминт сапун стопете ја најпрвин базата за сапун во сад на тивок оган или во микробранова. Кога ќе биде стопен тргнете го од оган и почекајте да се подизлади малку. Силиконскиот калап наполнете го до пола, додадете парчиња искршени новогодишни пеперминт стапчиња, може да додадете и сува брусница. Тогаш дополнете го калапот до врв. Оставете да се стегне, извадете го од садот и декорирајте го.

Peppermint soap | Peppermint Beauty Gift Basket