Температурите веќе растат, а вие сеуште не започнавте со уредување на  Вашиот мал балкон? Ви недостасуваат интересни идеи или едноставно не знаете од каде да започнете. Откријте на што треба да внимавате, какви бои и мебел да изберете, и инспирирајте се од нашите предлози! Естетската димензија е многу важна! Никогаш не треба да го заборавате тоа, дури и кога имате платформа за облека и ормани за чевли и правосмукалка на балконот. Дури и тогаш, бојата, вметнувањето детали, формата на мебелот… се е многу важно за крајниот изглед.

Деталите се важни, но внимавајте на количината
Ова особено се однесува на малите балкони, каде недостатоците се уште позабележителни. Детали како што се тегли со цвеќиња и зачини, фенери, се добредојдени, но многу детали можат да бидат незгодни и да изгледа пренатрупано.

Тркалезни маси, маси за преклопување прикачени на ограда или фасада,  клупа пограј оградата или ѕидот, избегнување на исклучиво темни нијанси се вредни совети при уредување на мали балкони.

Ако имате мал балкон обидете се мебелот да го поставите во некој агол, за да не зафаќа премногу простор. Исто така внимавајте и на големината на мебелот.

Вертикалните градини на ѕид, моментално се многу тренди решение. Не само што прекрасно изгледаат туку и ќе Ви заштедат огромен простор.

Интересен детал се и декоративните или бамбус завесите, кои истовремено ќе Ве заштитат и од ветрот и сонцето.

38 Small Apartment Balcony Garden Design Ideas