Парфемите се многу лична работа, па вистински избор е навистина тежок процес. Доколку на најблиските планиравте да им подарите парфем за Новогодишните и Божиќните празници, а не знаевте во кој мирис уживаат, овде составивме листа на парфеми според хороскопските знаци. Прочитајте го следниов астролошки патоказ и веруваме дека нема да погрешите со изборот.

person holding fragrance bottle

Овен – Овните се самоуверени, темпераментни , па затоа изберете појаки мириси. Потребен им е парфем кој во целост ќе ја отслика нивната огнена енергија. Изберете парфем кој содржи јаки ароми на цимет, ванила, ѓумбир, цитрус. Наш предлог:

image image

 

Бик – За бикот одберете парфем кој ќе предизвика да се чустввуваат сензуално и моќно. Подарете едноставен, но во истовреме смирувачки мирис. Добро е да содржи ноти на мандарина, ружа, ванила, односно остри земјени мириси.

image

Близнаци – Близнаците уживаат во егзотика. Тие по природа се практични, па парфемите ги избираат според моменталното расположение. Изберете овошни тонови.

image

Рак – Раковите се нежни, емотивни, романтичари. Тие уживаат во цветни мириси со нота на цитрус.

image

Лав – Лавовите сакаат да се истакнуваат и да бидат во центарот на вниманието. Тие се родени водачи, стравтсвени и заводници. Суетни и нарцисуидни, па сакаат кога им даваат комплименти. За нив е најважно да мирисаат убаво, но секогаш би избрале парфеми со мирис на ванила, кокос, ружа, чоколадо.

image

Девица – Девиците се спокојни, смирени и нежни, но се изразити индивидуалци. Имаат специфичен вкус. Тие уживаат во парфем со мирис на свежина, па секогаш би избрале парфеми со нота на цитрус, анис.

Вага – Вагите често се доживувани како одбивни и ладни, но нивни пиоритети во животот се задоволствто и стабилноста. За да ја откриете нивната ранлива и емотивна страна подарете им мирис со романтични тонови со сандаловина, феремони, босилек, зелена јаболка.

           

Скорпија – Стравствени, полни со енергија, често агресивни и нетолерантни. Изберете цветни мириси, гарденија, мошус, смола, ванила, бадем.

    

Стрелец – Ведри, оптимистични, самостални. Нив нема да ги привлечете со скапи подароци туку со насмевка  и шарм. Нив им одговараат благи мириси на зелен чај, овошје, ванила, гарденија.

   

Јарец – Јарците се мирни, трпеливи и несигурни. Опседнати со здравјето, пожртвувани. Кога нешто им се допаѓа не го менуваат. За нив изберете парфeм со свеж мирис на зелен чај, овошје, јасмин.

Водолија – Тие се многу забавни, пријатни, ексцентрични, непредвидливи. Парфемост мора да ја истакне разновидноста на нивната природа. Привлачен и жив, а од друга страна флексибилен. Изберете слатки и цветни мириси со нота на сандаловина, ванила, лаванда, јасмин.

Риби – Рибите се многу емотивен хорокопски знак и многу големи романтичари. Многу се таинствени и затворени во себе. Тие се верен на еден парфем и не сакаат многу да експериментираат. Изберете парфеми инспирирани од Африка и Индија, цветни парфеми.