Доколку имате проблематична кожа, проблемот со акни и флеки е Ваша секојдневна борба, тогаш освен бројната медицинска козметика, многу е важно и да внимавате на Вашата исхрана. Голем број продукти кои ги внесуваме во организмот го зголемуваат Вашиот проблем. Дерматолозите се категорични во заклучокот дека храната и пијалоците влијаат врз состојбата на кожата, а ова се продуктите кои задолжително треба да ги исклучите од Вашето дневно мени.
Млечни продукти
Честа употреба на млечни продукти, може значително да ја наруши состојбата на кожата. Ова особено се однесува на пресното млеко и сирењата, бидејќи содржат хормони кои ја комплицираат состојбата на веќе проблемтичната кожа. Јогурт и кисело млеко е дозволено, но без претерување!
Храна со висок гликемиски индекс
Оваа група вклучува храна што содржи претерано јаглехидрати. Овде спаѓаат засладените пијалоци, шеќерни производи, бело брашно, чипсови и брза храна. Внесувањето на некој од овие производи предизвикува нагло зголемување на инсулин и гликоза во крвта. Ова предизвикува зголемена секреција на маснотии и нерамнотежи на хормоните, што ги влошува акните, откриваат дерматолозите.
Алкохол
Алкохолните пијалоци го дехидрираат организмот, што исто така влијае негативно врз Вашата кожа. Честа конзумација на алкохол води до дехидрација на кожата и до појава на псоријаза. Тој е причинител и на темните кругви околу очите како и на брчки.
Месo
Од една страна, црвеното месо содржи протеини, витамини и минерали кои имаат целосен корисен ефект и на кожата и на целокупната состојба на организмот. Но, црвеното месо исто така содржи супстанции за зајакнување на тестостерон. Поради оваа причина, претераното козумирање активира формирање на себум на кожата, што предизвикува затнување на порите и егзацербација на акните.
Следетене на