Fenty Beauty козметичката линија е креирана со мисија дека сите жени ќе бидат опфатени со истата, односно ќе се опфатат сите тонови на кожата, различните карактери на жените, сите култури и раси. Ова ветување беше дадено од Ријана кое меѓу останатото е и нејзина инспирација за иницирање на линијата Fenty Beauty. Оваа козметика нуди широк спектар на кармини и сјаеви за усни со уникатни бои и нијанси,римели, коректори, прајмери, пудри и бронзери.

Доколку се двоумите каков вид/боја  на пудра би и одговарала на вашата кожа и лице и не можете да одлучите, Fenty Beauty, го олеснува процесот, односно  директно преку нивната страна за купување чекор по чекор со слики и прашања доаѓате до бараното решение и до вистискиот избор на пудра, а дополнително ви се нудат и други ефектни производи кои би изгледале неверојатно добро на вашето лице.

Иако многумина мислат дека Fenty Beauty е рандом име на брендот, неодамна се откри дека всушност бредот е именуван по Фенти – презимето на познатата артистка Робин Ријана Фенти (Robyn Rihanna Fenty). Доколку сакате да имате некој од прекрасните производи и да изгледате луксузно и неодоливо како прекрасната Ријана можете да нарачате преку сајтот на Fenty Beauty или Инстаграм.

Fenty Beauty бележи приход од  570 милиони долари само после 15 месеци од неговото лансирање.