Русокосата пејачка Марина Тошиќ шест години беше дел од бугарската продуцентска куќа „Пајнер“ нејзините видео записи имаат околу милион прегледи на YouTube.
Интервјуто со оваа популарна пејачка го направивме во салонот за убавина Dior од Штип. Марина средното училиште го завршила во Штип а потекнува од Србија

Зошто го напушти Пајнер ?

-Мислам дека шест години беа доста. Имавме заедничка одлична приказна, но решив да ставам крај и да почнам сама односно соло кариера.

Имаш многу провокативни видео спотови, дали мислиш дека голотијата продава ?

-Секако дека да, јас сум голем фан на Мадона и во следниот мој видео запис што ќе го објавам наскоро инспирација ми беше токму кралицата на поп музиката, не се жалам добро заработувам, возам Мерцедес (се смее)

Често си на релација Софија-Белград имаш ли време за момче ?

-Искрено не, сега сум соло и добро ми е. Но не сум кумплетно соло имам маче и се вика Доли.

Што треба да има еден маж за да го привлече твоето внимание ?

-Нормално ме привлекуваат физички згодни мажи но мора да има и хемија, не сакам банални и досадни луѓе.

Како би ја нарекла твојата музика ?

– Почнав со пеење во 2016-та година, денес имам 28 години и тогаш пеев поп-фолк но денес мојата музика би ја нарекла амер-трап.

Колку чини еден твој видео запис ?

– Од прилика седум до осум илјади евра. Тука се  подразбира добра камера, добро светло и добри статисти.

Што се крие во твојот плакар ?

-Гучи, Версаче и Роберто Кавали.

Дали ја познаваш македонската музика ?

– Секако дека да, јас сум голем фан на 2бона.