Бернард Демирали (31) моментално е еден од најпознатите ромски изведувачи. Татко е на две деца а сопруга му е ќерката на познатиот Рамадан Бислим Рамко. Кралот на ромската музика има над 10 милиони прегледи на YouTube. Разговорот го направивме во „Ми Каса“ неговото омилено место за релаксирање.

Како дојде во соработка со Сузана Гавазова ?

-Тоа е моја авторска песна која многу добро помина кај ромите. Еден ден ми се јави Сузана Гавазова и ме замоли да ја преработи. Така се роди „Бум Бум“ која има над 10 милиони гледаност. Сузана е голема македонска фолк ѕвезда и јас таа песна и ја подарив од срце, со Сузана имаме и заеднички дует кој се вика „Аманет“.

Дали се живее од ромска песна ?

-Секако дека да, јас пеам од свои 11-години и до сега имам 11 албуми. Пеам на свадби,концерти а човек за да заработи ќе мора да се вложи себеси. А тоа во мојот случај е музиката.

Што мислиш за македонската естрада ?

-Во Македонија има многу талентирани изведувачи, но за мене еден и единствен беше и ќе остане Тоше Проески, ги сакам неговите песни, од мал ги пеам.

Каде до сега имаш настапувано ?

-Имам настапувано во Белгија, Виена, Швајцарија и други држави.

Како ти поминува еден ден ?

-Јас многу касно си легнувам и покасно станувам но кога ќе станам прво што правам е се јавувам на моите пријатели, сакам да јадам надвор и да пиам кафе, исто така сакам шопинг, внимавам на мојот стајлинг и сакам брендирана гардероба.

И за крај која е твоја најомилена песна ?

-Најомилена песна ми е „О вило на бирини“