Доњета Косуми или Доњета Калаши е една од најпопуларните девојки во Косово.Оваа раскошна убавицагаси и пали во Косово.На нејзината убавина и талент никој не останал рамнодушен.СЕкојдневно добива понуди за брак, клучеви од луксузни автомобили и многу пари. Како вистински професионалец во својата работа ,таа на нашите прашањаодговори брзо како од пушка.

-„ Да ,јас сум танчерка и ова го работам околу седум години.Уште како мала го сакав танцувањето и кога наполнив 16 години ми стана професија и животна определба. Тоа што бев многу мала не ме сопре да ја работам оваа професија,танцување.Мојата слава дојде подоцна, се појавив во неколку добри спотови и луѓето сакаа да ме гледаат како танцувам.За кратко време станав многу популарна во мојата земја„, раскажува Калаши.

Како тече еден твој ден?

-„ Многу патувам,но сега поради Ковидот,имав време да здивнам и времето го поминувам со моите вистински пријатели.Уживам во животот со полна пареа.

Кој ти е омилен моден  бренд и каков автомобил возиш?

Се облакам најчесто во Прада или Гучи, мои омилени  бои се црната и белата. Имам сопствен шофер,бидјки јас не возам( се смее).

Каков тип на мажи сакаш?

Во денешно време е етшко да најдеш маж што ке те разбере дека си независна и моќна жена.Мене ми треба џендлмен во вистинска смисла на зборот.

Од каде прекарот Калаши?

Најверојатно од мојата страст кон оружјето,ете од таму е и  мојот прекар.Обожавам оружје.

Велат дека си најбогатата  девојка во Косово и Албанија, па дали е тоа точен податок?

Не можам да кажам дека сум најбогата амтеријално,но се надевам спиритуално да.Точно е, спиритуално најбогата( се смее).

Дали си била во Македонија?

Да,секако.Имам многуу албанци пријатели од Македонија.Убаво ми е таму кај вас,релаксирано е.

Твоето животно мото?

Животот е премногу долг но и краток во исто време.Треба само да ја грабнеш секоја шанса што ти се дава.Треба да уживаш во секој миг, со луѓето што си ги сакаш, да бидеш љубезен дури и со хејтерите.