Неговото име е Андреј Пајмакоски,младо момче од Прилеп за кое светот допрва ќе чуе.Андреј е модел во реномираната модна агенција “ Моделс Ин “ од Скопје. Досега има учествувано на повеќе модни ревии и видео записи. Андреј има 20 години и студира графички дизајн во Скопје. Во хороскоп е бик.
-Започнав да работам како професионален модел кога имав 17 години,значи три години работам и тоа без престан,без пауза ,освен кога вирусот го погоди светот,па и нашата земја, го започна разговорот Андреј.
Тој вели дека во моментот го работи тоа што од секогаш го сакал,да биде врвен модел.Мојот хороскопски знак е Бик и за себе би кажал дека сум упорен и ги исполнувам своите замислени цели.Слободното време го користам да цртам,моја пасија од дете.Така времето ми поминува многу брзо, вели Андреј.
Каде имаш учествувано како модел?
Мене ме застапува модна агенција“ Моделс Ин“, додека агенцијата“ Демонс менаџмент“ ме застапува во Европа и светот. Имам работено моделинг во Шпанија,Грција,Албанија и други земји.
Предизвик на ова младо момче е секој ден да биде се подобар и подобар модел,а негов идол во светот на модатае Алтон Масон кого му се воодушвува. Огромна желба на Андреј е да биде модел на брендот “ Долче и Габана“,сон кој го имал уште како дете.
Следетене на