Најпознатата балканска старлета Сораја Вучелиќ деновиве беше во Скопје. Скоро два часа му позираше на младиот фотограф Стефан Соколовски во луксузниот спа- хотел „ Микаса„ на Кале.

Сораја вели дека ја сака Македонија и дека овде има убави спомени.

-“ Луѓето се мирољубиви и пријателски настроени.Скопје е преубав град и секогаш кога сум тука се чувствувам убаво.

Сораја неколку години живее во Москва.Вели дека го напуштила Балканот поради лошите гласини околу нејзината наводна поврзаност со мафијата.

-‘ Не знам зашто сум протерана од Србија, односно ми е забранет влезот.Никогаш тоа не го добив на писмено ,ниту некој ми кажа од предпоставените. Јас со години сум во шоубизот, познавам многу луѓе, но ми пречи само кога ме поврзуваат со имиња кои  имаат криминално досие.Забраната за влез во Србија, најверојатно ќе заврши наскоро,не знам што да речам, вели Сораја.

Силиконската убавица има половина милион следбеници на нејзиниот Инстаграм,а покрај сите обиди другите српски старлети да и ја одземат титулата кралица на Инстаграмот,беа залудни.

Фото.Стефан Соколовски

Стајлинг- Атеље Дракул и Фешн В.А.-Скопје