Младиот пејач Никола Станишиќ ( 23)деновиве го снима неговиот видеозапис првенче за песната “Единствена“. Никола  беше дел од популарните српски Тв шоуа “ Пинкови ѕвезди“ и “ Ѕвездите на гранд“.Вели дека таму добро поминал .

-“Во овие Тв шоуа барем како пејач ја победив тремата, добив голема самодоверба, што е многу битно за еден естраден уметник. Србија е голем пазар, за разлика од Македонија,таму е голема конкуренцијата и се е тоа ок. Македонските пејачи како да се во сенка, зошто ние овде немаме медиумско внимание. А како почетници зависиме од тоа.Колку и да имаш добар вокал,ако немаш машинерија која ќе те подгурне,џабе ти е се. Естрадните новинари се нашата голема подршка,и публиката секако“, вели Никола.

Тој веќе има “тезги“ низ целата држава.Пее на приватни забави, клубови и дискотеки.

-Пеам буквално се, или  пак тоа што публиката го бара. Се живее од музиката,не можам да се пожалам. Посебно кога свириме во дијаспората. Ја сакам музиката и живеам за неа. Секој од нас што почнува кариера, се надева дека еден ден ќе биде на врвот.Таков е и мојот план,да успеам“, додава Станишиќ.

Фото- Давид Ганевиќ

локација- Скопје