Познатиот турски готвач Омер Атајсан, алиас Омер Шеф веќе некое време, заедно со неговиот тим, е дел од елитниот ресторан МиКаса во срцето на Кале во Скопје. Омер повеќе од 22 години е професионален готвач во најскапите ресторани во Истанбул. За себе вели дека откако знае за себе, ја работи оваа професија со голема љубов и пожртвуваност.
-Цели шест години работев со светски познатиот готвач Нусрет и тоа во Катар, Куваит и Саудиска Арабија. За мене е чест што работев со толку добар готвач. Бев и тим лидер во Истанбул во елитните ресторани. Сетоа тоа е искуство и многу работа. Еве ќе ви раскажам една анегдота – ,,Веднаш после мојата свадба, утредента одма отидов на работа. Мојата сопруга се зачуди малку, сепак бев тазе младоженец„ – се смее Омер.
Тој раскажува дека заедно со неговиот тим во МиКаса ќе ги готви најдобрите специјалитети, односно месото, неговата специјалност и секако познатата турска баклава со ф’стак и сладолед.
-Има околу 27 видови на месо чие готвење е специфично само по себе, на пример, има месо кое треба да одстои 4 часа, па се до 20 дена до неговата подготовка. За мене готвењето на месото треба да е еден вид на шоу. Ако Меси игра фудбал, јас играм со месото.Тоа е љубов која на крајот дава убави резултати, вели Омер.
Го прашавме кој е најголемиот бакшиш што го добил во неговата готвачка кариера.
–Еднаш во Куваит во еден многу познат ресторан каде работев, дојде шеик со неговата фамилија. Ми остави бакшиж 10 илјади долари, а во Катар арапски бизнисмен, на кого му го разработев ланецот на неговите ресторани ме награди со 45 илјади евра.
И за крај го прашавме кое е најскапото приготвено месо во светот?
–Дефинитивно бифтекот Кобе од Јапан. За негово готвење се потребни 20 дена припрема, вклучувајќи и секојдневна масажа на месото, подхранување со пиво, музика од Моцарт , па дури потоа се пече – додава Омер Шеф.
Неговите вкусни јадења скопјани ќе може да ги пробаат во МиКаса и да резервираат на телефонскиот број 075 317 387 .
Следетене на