Познатиот готвач Марк Де Јонг денес со неговата сопруга дојдоа во посета на „Микаса“ за да ја запознаат кујната на тимот на Омер Шеф. Ја искористивме оваа прилика да направиме кус разговор со оваа готвачка ѕвезда. Инаку Марк Де Јонг е познат како Шеф Марк од кулинарската емисија „Брза Кујна“ на нашата национална телевизија.

-„Моето потекло е од Македонија затоја ја сакам оваа држава. Моето семејство за време на земјотресот се преселиле во Белгија но после неколку години јас се вратив да го исполнам аманетот на баба ми која пред да почине ме замоли да ја посетам оваа држава“, ни раскажува Марк.

-„Дојдов во оваа прекрасна држава и се заљубив во мојата сегашна сопруга Василка“, додава Марк.

Марк вели дека готви 38 години уште од неговата 15 годишна возраст. Нема омилено јадење и претежно готви француска кујна. Македонската кујна не ја знае многу добро но затоа тука е неговата сопруга која му готви преубави јадења а омилено македонско јадење му е тавче-гравче.

„Денес дојдов ненајавен без резервации во „Микаса“ и сум воодушевен, премногу сум задоволен од храната подготвена од Шеф Омер.
„Микаса“ е прекрасен локал ми се допаѓа ориентот кој е со турско-мексикански стил, ова е нов концепт во градов а Скопје е голем град и му треба повеќе вакви концепти па дури и конкуренти“ вели Марк.