Шеф Хабип Сивип од Истанбул, Турција веќе некое време е главен шеф во стек хаус “МиКаса“ горе на Кале.
Нашиот разговор беше лежерен, во работна атмосфера во кујната во која царува токму тој. Додека го сецкаше месото,во кое е вистински експерт, шеф Хабип почна да ни раскажува за неговата професија.
-Со оваа работа се занимавам многу одамна, би рекол околу 15 години. Почнав од Истанбул, но работев и во Москва,Русија, Иран и многу други земји. Јас ја сакам мојата работа, за која треба многу концентрација и трпение, вели Хабип.
Тој раскажува дека готвењето месо е деликатна работа која бара многу знаење и умешност. Хабип е експерт за приготвување на популарниот шашлик, стекот ентрекота, тоскана, томахавк и многу други. Додека го подготвуваше стекот тој тоа го правеше вистински професионално, внимавајки на секоја ситница, зошто според него насмевката на задоволниот муштерија е неговата најголема среќа.
-Во Македонија, односно во “МиКаса“ сум околу 7 месеци. Го засакав Скопје и луѓето со кои работам. Муштериите главно се љубезни и културни. Со мерак им го спремам месото и верувам дека овде кај нас тоа е најдоброто во Македонија, додава Хабип.
За крај, со неговата искрена насмевка, ни го служи приготвениот томахавк од кој прсти излижавме. Остана за крај популарната турска баклава со специјален сладолед , вешто исецкана од рацете на Шеф Хабип.
Следетене на