Младата пејачка  Љупка Арсовска( 21) од Неготино моментално е една од познатите натпреварувачки на „Ѕвездите на Гранд. Таа го воодушеви жирито со нејзиниот стас и глас. Покрај тоа што пее фанстастично Љупка е една и од најзгодните пејачки во ова српско музичко шоу. Љупка беше во посета на луксузниот стек хаус „Ми Каса“ па ја искористивме оваа прилика и да направиме едно кратко интервју.

 

Од колку години се занимаваш со музика ?

– Пеам од мои четири години имам настапувано на детски фестивали како што е „Супер Ѕвезда“, покасно имам учествувано на мјузикл за Тоше Проески „Тајно Моја“, имам настапувано со бендови но моментално сум соло и фокусирана сум на „Ѕвездите на Гранд“ каде што веќе поминав во вториот круг.

 

Каде се имаш настапувано ?

– Имам настапувано на повеќе концерти како гостин кај Каролина исто така на концерт со бенд во Словенија и на други места.

Освен музика дали се занимаваш со нешто друго ?

– Не, сеште сум студент и моментално фокусирана сум само на музиката.

Од каде идејата за да се пријавиш на ѕвезде гранда ?

-На ѕвезде гранда се пријавив самата бидејќи сакам да ме запознаат и на балканот, големо искуство за мене, ментор ми е Ана Бекута и се надевам дека ќе стигнам далеку па и до финале.

Што мислиш за Ана Бекута а што за Цеца ?

-Ана секогаш се труди да го извлече најдоброто од нас кандидатите а Цеца зрачи со позитивна енергија.

Кои ти се идоли ?

-Идоли ми се Тамара Тодевска, Каролина и незаменливиот Тоше Проески.

Која ти е омилена песна и дали планираш да снимиш своја песна ? 

-Имам многу омилен песни но еве една ќе издвојам од Тоше Проески а тоа е „Тајно Моја“, секако дека планирам да снимам моја песна но мислам дека сега рано ми е и не е прав момент.