Кујната треба да биде топло и пријатно катче во домот, а Вас ви треба само малку фантазија за да го остварите тоа. Рзгледајте ги нашиве предлози и овозможете и ја потребната убавина и практичност.

Ретро дрвени полици кои на Вашиот кујнски простор ќе му дадат шармантен изглед и совршено ќе се вклопат и во мали и големи кујни.

Многу зеленило – Поставете интересни саксии со цвеќиња, или посадете зачини.

Наполнете ги старите и неупотребливи стаклени садови со овошје.

Колоритни рамки на ѕидовите кои ќе им дадат свежина на Вашиот простор.

Рустично осветлување.

Отворен рафт – Тренд идеја со кој целосно ќе го трансформирате просторот. Заедно со намирниците, додатете и неколку декоративни предмети за украс.

Закачете ги тавчињата на ѕид, така што ќе заштедите простор. За мала кујна ова е идеално решение.