Иранската влада има намера законски да забрани поседување куче како домашно милениче, како и граѓанин да го шета кучето на јавно место.

Ова е предлогот на радикално конзервативните политичари. Оние кои ќе го шетаат кучето ќе бидат строго санкционирани, а на оние кои го возат во автомобил ќе им биде одземено возилото на три месеци, пренесува Дејли Сабах.

Ќе биде забрането издавање куќи и станови на сопственици на кучиња и мачки. Освен со религиозни причини, овој предлог се правда и со тоа што кучињата предизвикуваат паника во јавноста.

Полицијата неколку пати досега се обидела да воведе вакви забрани, но безуспешно. Сега се чини дека забраната ќе стане закон.
Во последниве години има се повеќе млади Иранци кои имаат кучиња и/или мачки како домашни миленици.
Затоа има се повеќе ветеринарни амбуланти, како и пет дуќани