Во време кога единствено од нас се бара да останеме дома, многу од нас утеха бараме во храната, не внимаваме што внесуваме. Единствено со рационална и оптимална конзумација на храна ќе ја зачувате Вашата тежина.

Потрудете се да не внесувате повеќе калории од тоа колку што Вашето тело може да ги согори. Ако помеѓу главните оброците чуствувате глад грицкајте кисели краставички, моркови, друг вид на зеленчук и овошје, а држете се подалеку од благо и висококалорична храна. Освен тоа обидете се со грицкaње на ореви, бадеми, лешници, но држете се до препорачаната доза, а тоа е една полна дланка дневно.

macro shot of vegetable lot

Доколку Вашиот организам има потреба од благо, јадете црно чоколадо, домашни бисквити приготвени од мед, интегрално брашно.

Држете се подалеко од газираните сокови, наместо тоа пијте цедени сокови, а најдобро решение е smoothie, затоа што ќе Ви даде чуство на ситост, и нема да Ве преполни со калории.

woman holding fork in front table

Главните обоци треба да ги содржат јагле хидрати, масти и протеини. За појадок идеални се снегулките, овесни, ржани, комбинирани со овошје, мед. Цеден сок од портокал, варено јајце, обезмастено сирење, хумус, јогурт се идеални комбинации. За ручек имајте во предвид дека еден дел од оброкот треба да биде немасно месо или рба, додека другиот ззеленчук приготвен на пареа или динстан.

Често пијте вода како и незасладени чаеви. Не го мешајте чуството на глад со чуството на жед. Не дозволувајте храната да биде Ваше единствено уживање. Постојат толку многу работи што може да ве забавуваат дома, како што се игри со домашните, разговори по телефон со другари, пријатели со кои одамна не сте се виделе, читајте, цртајте, приредувајте си третмани за убавина…

woman holding a cup of coffee at right hand and reading book on her lap while holding it open with her left hand in a well-lit room