Светските звезди позади себе имаат армија на шминкери, фризери и дизајнери кои ги средуваат за најразлични евенти, концерти, видео спотови. И ние може да се пофалиме со вакви креативни луѓе кои занаетот си го спечалиле дома или во некоја од соседните земји. Но да почнеме со ред.

Бети Цонева е сопственик на салонот за убавина „Сикрет“ во Скопје. Токму овде се средува цела скопска елита, од политичари, актери, манекенки и пејачки звезди. Салонот високо котира меѓу луѓето од шоубизнисот кои имаат само пофални зборови за ова луксузно место. Сите светски новитети во областа на козметиката ќе ги најдете токму овде.

Зоки Давитков студио „Диор“ од Штип. Ова младо момче покрај домашните музички имиња, ја средува и пола српска естрада. Поп ѕвездата Анабела често го фали во нејзините интервјуа, а неодамна го спомена кога беше гостинка на Тв Пинк. Давитков ја разубавувал и Лепа Брена, Цеца и Јелена Карлеуша. Добро е што наскоро ќе отвора салон за убавина во Скопје.

Даниел Николовски од салонот „Д.Николовски“ од Скопје. Даниел со текот на времето стана звучно име во светот на модата. Овде се средува Елена Ристевска, Дани Димитровска и многу други звезди. Неговите златни раце може да ве трансфоримираат во холивудска дива. За шминката велат е неприкосновен.

Љубчо Бубе Перушевски од студиото “ Бубе Ин“. Познат фризер на секоја модерна жена. Бубе беше првиот кој направи модни ревии за машки и женски фризури. Занаетот го усоврши во Лондон, Париз и Милано. Секој новитет во областа на фризурата стартува токму од неговиот елитен салон во срцето на Скопје.

Сергеј Варошлија. Доаен на модата кај нас. За Сергеј велат дека е мултиталент во шминкањето и стилизирањето воопшто. Во негови раце „паднале“ многу звучни имиња од светот на шоубизот. Денес, тој има негова модна емисија на Јутјуб. За денешните фризери и шминкери, Сергеј ќе остане легенда од која сеуште може многу да се научи.