Српската арканова вдовица, фолк дивата Светлана Цеца Ражњатовиќ пееше во Охрид. Присутните коментираа дека Цеца го поминала концертот пеејќи ради реда. Во розов фустан (одамна веќе видено) со залижана коса која никако не и прилега,Цеца два ипол часа се потрудила да ја развесели публиката,која не ни ја мрднала од мртва точка.

-Не е ни Цеца тоа што беше.Некако е млитава на сцена, ниту мрдна ниту игра.Изгледаше како едвај да сака да си замине.Не се ни потрудила да биде секси,како што на времето знаеше да се облече. Не знам, можеби времето и поминува а и во години е веќе.Песните тие па тие, веќе испеани па препеани, ни рече посетител на концертот.

Најинтересно е тоа што ВИП гостите на концертот  во  Охрид седеле на пластични столчиња.И биле ВИП.