Секоја боја околу нас има свое значење и ни буди различни чувства. Добрата комбинација од бои, често може да се покаже како клучна за успех при работата, уредувањето на домот, промовирањето на некое добро или услуга и слично.

Зелената боја за многу луѓе е асоцијација за природата. Таа симболизира раст, хармонија, свежина и плодност. Кога ја гледаме зелената боја може да почувствуваме среќа и да станеме потрпеливи да доживееме освежување и смирување, зелената има силна емоционална кореспонденција со сигурноста. исто така зелената боја асоцира и на пари.
Зелената има голема исцелителна моќ. Таа е најспокојната боја за човечкото око и може да го подобри видот. Таа симболизира стабилност и издржливост. Оваа боја, обратно од црвената, означува безбедност, коректност, старт.


Courtsey of David Koma | Resort 2021

Courtsey of David Koma | Resort 2021