Сигурно веќе го имате испиено вашето утринско кафе или чај, заедно со квалитетен и здрав појадок. За да продолжите полни со енергија, подобрите или да го одржите вашето расположение ви предлагаме да појдете на кратка прошетка која би траела не повеќе од 20тина минути.

 

Постојат физиолошки придобивки од пешачењето наутро, без разлика дали тоа би било пред да тргнете на работа, до работното место или за време на пауза. Освен останатите бенефити кои можеме да ги добиеме како резулат на редовното пешачење, дополнително прошетката би можела да помогне и во:

  • Во подобрување на самодовербата
  • Во зајакнување на расположението
  • Во намалување на стресот
  • Во намалување на  вознемиреноста
  • Во намалување на заморот
  • Во процесот на олеснување на симптомите на депресија или намалување на ризикот од депресија

За најдобри резултати, обидете се да пешачите од 20 до 30 минути најмалку 5 дена во неделата.