Кога одите на интервју за работа, освен искуството и сите други битни моменти, многу е важен и Вашиот изглед. Работодавачот, првиот впечаток за Вас, го добива од Вашиот аутфит. Како правилно да се облечете за на интервју? Кога изгледате убаво Вие зрачите со самодоверба. Се инспириравме од „street style“ и деловениот изглед за целосен бизнис кежуал изглед кој одговара за секое работно место за кое конкурирате без разлика дали имаат деловен или лежерен дрес код. Следете ги следниве модни совети.
1.Зимски фустан или здолниште
Прво правило за успешно интервју за работа е Вие да се чуствувате удобно. Слободно облечете го Вашето омилено здолниште кое ќе го искомбинирате со тренди блуза или Вашиот омилен фустан на долги ракави. Меѓутоа, внимавајте на пристојноста. Потрудете се нивната должина да биде околу колениците, а нивната боја да не биде многу упадлива.
2. Држете се до правилото 80/20
Што значи правилото 80/20? 80% класично, а во останатите 20% внесете ја индивидуалноста. На класичниот деловен изглед, внесете дел од себе, некое омилено парче накит, чанта, часовник. Држете се до минимализмот.
3. Добро е да носите костим, но приспособете го кон Вашиот стил
Одберете го костимот што Ве опишува Вас, во кој се чуствувате удобно. Искомбинирајте го со акцесоари и чевли кои одговараат на зимските услови.
4. Покажете го своето знаење преку Вашата облека
Додавање на кошула со висока јака-марама и тренди џемпер, прави да изгледате ,,паметно“ и професионално.
5. Носете чевли кои ќе Ви бидат удобни и во кои ќе чекорите самоуверено
Доколку канцелариите на Вашата идна компанија се подалеку, земете го во обзир сообраќајот во градот. Облечете удобни и елегантни чевли, рамни или на ниска потпетица.
6. Панталони со висок струк
Класичните и деловни панталони со висок струк можат да изгледаат многу тренди и во зима, ако се правилно искомбинирани. Со овој стил ќе изгледате модерно, а воедно и професионално. Сепак е интервју за работа, па не треба да го жртвуваме професионализмот.
Следетене на