Имате проблем со сува уморна и проблематична кожа? Ако Ви е утеха, мал е бројот на дамите кои можат да се пофалат со идеален изглед на кожата. Секој има периоди кога страда од кожа полна со несовршености, но доколку овој период трае подолго, тогаш време е да се борите со овој проблем.
Освен советите од дератолозите, кои се многу важни да се следат, постојат уште неколку трикови и совети за подобрување на квалитетот на Вашата кожа. Најпрво започнете од Вашата исхрана, односно внесувајте што повеќе намирници кои го подобруваат квалитетот на кожата, како што се зеленук и овошје, мака…
Обидете се вештачката козметика да ја замените за природна. Сите тие вештачки пилинзи, креми, кои се полни со хемикалии можат да се заменат со природни за кои ќе Ви треба многу малку време за припрема. Верувајте, постојат огромен број на интернет сајтови кои нудат рецепти за природна козметика. Можеби целиот проблем со Вашата кожа доаѓа токму од хемикалиите кои ги содржи вештаќчката козметика. Голем број од дерматолозите =советуваат да ја намалите употребата на козмтички препарати кои се полни со вештачки состојки и адитиви. Затоа обидете се со природна козметика!
За квалитетот на кожата многу е важна нејзината постојана хидратација. Како да го постигнете тоа? Пијте 2 л вода дневно! Водата е важна за целиот организам не само за Вашата кожа. Чаевите, цедените сокови од зеленчук и овошје исто така ќе придонесат за целосно свеж изглед на кожата.
Никако не заборавајте да ја исчистите шминката пред спиење. Не смеете да дозволите да заспиете со нечисто лице и лице полно со остатоци од шминка. Ако се грижите за здравјето на Вашата кожа и целиот организам, тогаш ниту едно хигиенско правило не треба да биде прекршено. Не треба да ставате нов слој на шминка, доколку не сте го отстраниле стариот – ова е идеален начин да на кожата ги пренесете сите тие најразлични нечистотии и мокроогранизми.
Сте слушнале за фразата ,,beauty sleep“? Здравиот сон е многу важен за убавината и здравјето. Доколку спиете многу малку, тоа доведува до стресна состојба која го ослободува адреналинот и кортизолот, кои можат сериозно да влијаат врз квалитетот на кожата. Препорачливо време за спиење е од 7-8 часа во текот на ноќта.
Следетене на