Ако сакате здрава и негувана коса започнете со нејзино правилно негување и хигиена. Многу е важно правилно да ја миете косата како и да ја сушите. За здрава и јака коса многу придонесува и начинот на исхрана и добра хигиена. Затоа е многу важно а внесете промени во целокупниот начин на живот. Косата е еден од најубавите украси на жената затоа треба да ја негувате.
Овде прочитајте што е она што Вашата коса буквално го обожава.
Многу е важно правилно да ја миете косата. Што подразбира тоа? Пред миење на косата, добро ја расчешајте. Шампонот не го нанесувајте само на едно место и потрудете се целата коса да биде добро шампонирана. За подобро дејство на шампонот оставете го неколку минути да делува. Вишокот вода после миењето соберете го со пешкир без триење.
Многу е важно да внимавате и на составот на шампоните. Користете претежно природни шампони бе сулфати, бидејќи сулфатите ги отстрануваат и протеините и природните масла што ги содржи влакното. Заради тоа Вашата коса е сува и безживотна. Агресивните шампони со сулфати го сушат темето кое поради недостаток на себум дава знак на лојните жлезди да произведуваат повеќе маснотии. Па така Ви се појавува и проблемот со мрсна коса. Крајниот резултат е масен корен, суви безживотни краеви. Сулфатите на етикетата може да ги препознаете под следниве имиња: ammonium lauryl sulfate, sodium lauryl sulfoacetate, sodium myreth sulfate, laureth sulfate, sodium laureth sulphate.
Регенераторот за коса секогаш бирајте го да биде во склад со Вашата коса (сува, масна, оштетена) и добро внимавајте да содржат протеини. Иако го најдовте вистинскиот, добро е одвреме-навреме да правите промени, бидејќи при долго време користење косата се заситува. Регенераторот најпрвин нанесувајте го на краевите, па масирајте кон коренот, внимавајте со количината. Регенераторот е поефикасен ако е во мала количина. Исчешлајте ја косата и оставете го неколку минути, па потоа измијте го.
При миење редовно масирајте ја кожата на главата со кружни движења на прстите. Тоа ќе ги стимулира фоликулите на влакното и циркулацијата. Со масажата ги отстранувате и мртвите клетки од кожата на главата што е особено корисно за луѓето кои страдаат од проблеми со првут, дерматисис и псоријаза. За уште подобар ефект, при масажа можете да користите лосиони, ампули, етерични масла кои се наменети за здрава коса.
Кога Ви е потребно дополнителна нега, слободно започнете со користење на маски за коса за оштетена коса. Тие ја хидрираат косата и ја потхрануваат, ја негуваат од коренот до врвовите. Дополнителна мекост и сјај на косата дава маслата кои се во нејзиниот состав.
Хидратантните маски за коса ја дополнуваат изгубената влажност па и давааат сјај и еластичност. Дехидрираната коса ја прави здрава. Најдобри се маските за коса кои содржат пропилен гликол, и природни масла како што се масло од јојоба, авокадо, макадамија, арган. По нанесување на маската, ставете капа за туширање и оставете ја да делува. За многу оштетена коса користете протеински маски.
Внимавајте со препаратите за зашита од топлина! Многу од девојките користат препарати за заштита од топлина, при сушење, фенирање, пеглање на косата. Тие ја реконструираат косата, меѓутоа внимавајте на составот да ги содржат следниве состојки: quaternium 70, acrylates copolymer, hydrolyzed wheat protein i silikone: silicone quaterniums i dimethicone. Имајте во предвид дека овие производи можат само да го намалат оштетувањето.
Користете ампули за коса кои ќе Ви помогнат во јакнење на коренот, хидратација на кожата на главата, ќе ги ублажат иритациите и ќе го спречат опаѓањето. Користете ги еден до два пати неделно според упатството. Искористете најмалку 10 ампули да да го елиминирате проблемот.
Следетене на