Со преубав црвен кармин на Вашите усни ќе го претворите едноставниот изглед до грамурозен. Мејкап производ кој можете да го носите во секоја прилика и да изгледате зачудувачки добро. Овде Ви издвоивме неколку мејкап трикови за Вашиот црвен кармин да потрае подолго и да изгледате перфектно носејќи го.

1. Изберете ја Вашата омилена нијанса

Кога ќе се спомне црвен кармин веднаш Ве асоцира на ,,оган“црвената нијанса. Меѓутоа, доколку не се пронаоѓате во оваа нијанса може да изберете и ,,cherry“ црвена, потемна, посветла. Изберете го карминот според нијансата на вашата кожа, потемна кожа одговара со топол црвен, корален кармин. Додека посветла кожа со ,,оган“ црвен.

2. Направете пилинг на усните и додадете балсам за усни

За Вашиот кармин да трае подолго и да не ви се залепи на сувите делови од усните, најпрвин мора да ги отстраните мртвите клетки на усните. Вака ќе добиете нежни, хидрирани усни. Веднаш по пилингот додадете балсам за усни, ама внимавајте пред нанесување на карминот да го отстраните вишокот балсам.

3.  Додадете молив за усни

Дококу сакате прецизно нанесен кармин, најпрвин исцртајте ги усните со молив за усни.  Напудрете ги рабовите на усните за да Вашиот кармин трае подолго. Моливите за усни имаат восочна база и не дозволуваат карминот да се разлева. Откако ќе ги исцртате додадете го карминот. Добро е на крај да нанесете и гел молив за да карминот трае подолго.

woman wearing yellow elbow-sleeved shirt

4. Користете четка за нанесување на кармин

Со четката за нанесување на кармин, ќе постигнете подобар ефект затоа што со неа лесно може да исцртате потенка линија.

5. Доколку сакате посјајни усни нанесете сјај за усни над слојот од кармин. Меѓутоа бидете спремни на тоа дека на тој начин Вашиот кармин ќе трае пократко и можно е да избришете дел од него. Користете потечен сјај за усни.

woman putting lipstick on her lips