Честопати се случува да направите огромен број на фотографии, но ни една не е доволно добра за да се најде на Вашиот Инстаграм профил. Како до совршени фотографии? Прво помисливте на филтер? Да, филтрите често ,,ни се наоѓаат“, но не можат да направат чудо. Веруваме дека не сакате Вашата фотографија да изгледа вештачки. Кои се триковите за совршени Инстаграм фотографии?
Изгледајте спонтано!
Можеби Вашата идеална фотографија и не е баш спонтано направена, но потрудете се да изгледа така. Кога не знаете каде – погледнете кон земјата. На овој начин го истакнувате аутфитот и сигурно добивате преубава фотографија.
Користете ги рацете!
Многу е важно на фотографијата да ги вклучите и Вашите раце, односно допрете ја косата, покажете некој знак, допрете ги очилата, направете било што, што мислите дека на Вашата фотографија ќе и даде изглед на спонтаност.
Како до совршена насмевка?
И по толку многу наравени фотографии Вие не можете да ,,извадите“ совршена насмевка. Пробајте на овој начин – раширете ги усните во насмевка и накашлајте се. Така Вашата усна ќе се отвори совршено…
Движењата се многу важни!
Имајте го во предив ова правило! Без разлика какво движење ќе направите дали ќе скокнете, шетате, ќе се движите, играте – верувајте тоа е вистинското. Само без класично позирање!
Важна е и локацијата!
За да биде идеална Вашата фотографија мора да има приказна во која Вие совршено ќе се вклопите. Така да – локацијата е многу важна. Затоа секогаш внимавајте на деталите околу вас. Потрудете се преку Вашата фотографија да раскажете уште една приказна, некоја композиција во која ценатрот сте Вие.
Потрудете се на некоја фотографија да ги вклучите и пријателките!
За да Вашиот Инстаграм профил биде уште ,,позанимлив“ вклучете и некоја фотографија со Вашите пријателки. На тој начин Вашиот профил нема да биде ,,здодевен“, Вашите следбеници ќе Ве ценат уште повеќе.
Следетене на