1.Започнете го утрото со чаша лимонова вода. Водата со половина исцеден лимон е најдобро да се пие на собна темература. Собната температура е многу важна бидејќи ладната вода може да го шокира вашиот организам и да ја намали брзината на дигестијата. Откако ја испиете водата почекајте да поминат 15-30 мин пред да појадувате. Лимоновата вода е добра да се пие на празен стомак бидејќи лимонот содржи нутриени и е богат со витамин Ц, калиум и пектин диетални влакна, кои го намалуваат апетитот ја забрзуваат функцијата на ензимите и го стимулираат црниот дроб за да вашето тело побрзо ги исфрли токсините.2. Напијте се активен јаглен, можете да земете таблета или прашок. Прашокот може  да го растворите во вода или сок од лимон. Активниот јаглен помага при исфрлување на токсините пред тие да му наштетат на телото. Без мирис и вкус е.
3. Органско овошје, органски зеленчук, јадкастите плодови, семињата се природни детоксикатори на телото.

4. За време на ладните есенски и зимски денови се препорачува супа од животински коски, оваа супа не само што ќе ве стопли, туку и ќе ви помогне во ублажување на здравствените проблеми,  ги смирува немирните црева и помага при варањето на храната. Може да се додаде целер, морков, кромид, лук и темјан.

5. Заменете ги сончогледовите семиња со семе од анасон. Овие слатки семиња се полни со антиоксиданти. При џвакање на истите тие ослободуваат корисни масти кои ја подобруваат дигестијата и го балансираат шеќерот во крвта.

6. Земајте пробиотици, Lactobacillus acidophilus е добра бактерија која ги елиминира токсините. Можете да ги конзумирате во вид на прашок, растворен во сок или шејкер или преку кисела зелка или јогурт.

 

7. Не избегнувајте ги трите оброка, но избегнете ја ужината помеѓу оброците. При внсеување на сите потребни нутриени со едно седнување после кое ”постите” до следниот оброк, вашето тело ги апсорбира хранливите состојки, ослободува енергија и го одмара дигестивниот систем. Ова ви помага да направите разлика кога навистина сте гладни или само сакате да ја заситите досадата.

8. Јадете темно чоколадо со повисок процент на какао.

9. Користете повеќе зачини во исхраната: ѓумбир, цимет,зачин од црвена лута пипрека, ким и куркума. Овие зачини го прочистуваат телото и помагаат природно и побрзо да се засити.

10. Завршете го денот со чаша чај од камилица, не само што помага при несоница, туку помага и при варење на вашиот последен оброк.