8ми Март – денот кога се одбележува борбата на жените за своја економска, политичка, социјална рамноправност со мажите. По иницијатива на социјалистичкото движење од почетокот на 20ти век, денес се слави овој посебен ден посветен на жените. Првиот ден на жените е одбележан на 28 февруари 1909 година, а во 1910 на Првата меѓуародна конференција на жените е одлучено да се празнува Меѓународен на жената без да биде точно определен датумот. На 8ми март 1913 година жените ширум Европа одржуваат мировни собири во знак на рамноправност.
Денот на жената се одбележува и заради сеќавањето на пожарот во текстилната фабрика Триангл Шртвеист, во Њујорк 1911 година, во кој загинале над 140 жени. Најпознати биле маршот во 1908 година, кога 15.000 жени марширале низ Њујорк барајќи подобро работно време, подобри плати и право на глас. Празникот е утврден на предлог на славната германска политичарка и борец за човекови права Клара Цеткин. За Меѓународна година на жената прогласена е 1975. Тогаш Обединетите нации почнале официјално да го одбележуваат Меѓународниот ден на жената.
Меѓународниот ден на жената се прославува за прв пат во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија, а потоа започнуваат да го прославуваат и жените во останатите европски и светски земји. Традиционално кај нас по повод празникот се купува подарок за секоја жена. Жените тогаш на масовните собири барале паво на работа, плата, слободно воспитување на децата, безбедна контрацепција, можност за образование, безбедна можност за абортуси.
Еден од позначајните документи што се однесува на правата на жената е Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените, усвоена од Генералното собрание на Обединетите нации во 1979 година. Оваа Конвенција е позната и како „Женски закон“.
Следетене на