Ве поканија на коктел забава, па се двоумите кој е вистинскиот фустан за Вас ? Коктел фустанот е безвременско парче гардероба кое секоја жена мора да го поседува во својот плакар. Многу жени не ја знаат вистинската дефиниција на ова уникатно парче, а верувале или не постојат модни правила, како да го изберете вистинскиот.
Формална, деловна забава, веридба, венчавка, годишнина… Сите овие пригоди се прилика за коктел аутфит. Како да изгледате шик?
Избeрете ,,затворен“ фустан !
Не ја мешајте коктелската забава, со ноќ за излегување со Вашето друштво, затоа што не е така. Тие се две различни пригоди, па и Вашиот аутфит не смее да се поклопува. Изберете поедноставен, ,,затворен“ фустан. Внимавајте и на длабочината на Вашето деколте!
Немојте да носите премногу долги наметки или фустани шо се ,,влечат“ по Вас
Чувајте ги овие наметка за Вашиот специјален ,,Пепелашка“ момент. Модните гуруа строго ги забранија овие фустани на коктел забава, освен ако не сте Вие ѕвездата на забавата. Доколку не Ви се допаѓа пократок фустан, тогаш миди големина е совршена за Вас.
Немојте да носите големи чанти!
Секоја жена има проблем кога треба да ги смести сите тие работи од големата во една мала чантичка. Но едно од најважните правила за коктел забава е да носите мала плик чанта. Вашата секојдневна чанта со сите тие работи, што можеби ќе Ви се најдат, оставете ја во кола.
Не носете премногу акцесоари!
Премногу акцесоари, можат да го расипат Вашиот целосен изглед, па да изгледате невешто, неуредно, натрупано. Само еден нежен акцесоар на вратот може да го подобри изгледот на Вашиот ,,обичен“ фустан. Би можеле да додадете некоја убава нараквица, прстен, но без претерување.
Внимателно одберете ги панталоните!
На коктел забава е дозволено да се носат панталони, но само ако се елегантни и софистицирани. Ни случајно немојте да одите во фармерки, иако ги искомбиниравте со елегантна кошула.
Следетене на