Поп дивата Калиопи  периодов е актуелна со концертите во соседна Србија и Хрватска. Неуморниот патник ги полни салите ,а на нејзините концерти се бара и билет повеќе. Таа ретко зборува за приватниот живот.Зад себе има два неуспшни брака, првиот  со продуцентот Ромое Грил, а вториотсо  актерот Васил Зафирчев. Од првиот брак со Ромео,Опи го има синот Пако, кој со татко му живее во Швајцарија.

На прашањето за нејзиниот синот Пако, за српските медиуми Калиопи изјавила:

„Најемотивен момент во мојот живот беше раѓањето на мојот син Пако. Тој живее во Швајцарија и не сака да зборувам за него. Постојано ни вели: Немојте да зборувате за мене, заборавете ме во изјавите“, така што морам да ги почитувам неговите желби“, вели Опи.