Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан му се налути на својот поранешен сопруг, Канје Вест, бидејќи изјавил дека не му дозволува да ги гледа нивните четири деца, ќерките Норт и Чикаго и синовите Сент и Псалм.

Ким е во врска со Пит Дејвидсон, а Канје тврди дека обезбедувањето му забранило да влезе во вилата на Кардашијан со неговата ќерка, бидејќи таму било нејзиното момче.

– Норт сакаше да ми покаже нешто во куќата, но обезбедувањето рече дека „тато не може да влезе“, но не ја дефинираа причината. Не сакав да се расправам со нив поради тоа – изјави раперот во интервју за Hollywood Unlocked.

– Слушам дека има ново момче во куќа во која не можам ни да одам. Нема да има ништо меѓу мене и моите деца, а моите деца нема да бидат на ТикТок без моја дозвола – изјави Кање.