Американската музичка звезда, пејачот, текстописец и продуцент Р. Кели (Роберт Силвестер Кели) денеска беше осуден на 30 години затвор во њујоршкиот суд затоа што ја искористил својата медиумска популарност и слава да изложува млади обожавателки, вклучително и голем број девојчиња, на систематска сексуална злоупотреба.

55-годишниот пејач и текстописец минатата година беше осуден за рекет и трговија со секс на судење кое за прв пат им даде можност на жртвите да проговорат затоа што претходно биле игнорирани само затоа што се Афроамериканци.