Kopi Luwak е најскапото кафе во светот, кое сигурно ќе ги задоволи вкусовите на најголемите обожаватели на доброто кафе. Ова кафе се продава по цена од 600 долари за пола килограм. Името го добива по индонезиското суштетство кое е клучно за производство на ова кафе и се храни со најквалитетни бобинки.

Сепак, во последниве години, популарноста на ова кафе се намалува, како резултат на условите за производство. Поточно, животните кои се клучни за неговото производство честопати се затворени во кафези во нехумани услови, што покренува голем број прашања за суровоста со постапување кон животните и за легитимноста на крајниот потрошувачки производ. Затоа и настапила фирмата Difference coffeе, која има свој сопствен имот во Индонезија кој има специјален сертификат за производство на ова кафе под хумани услови.

nova-prilika-za-uzivanje-u-najskupljoj-kafi-na-svetu-kopi-luwak.jpg

Откако зрната кафе се изедат и исфрлаат, минуваат низ серија сериозни и темелни миења, притоа почитувајќи ги строгите параметри за сортирање утврдени од Асоцијацијата за специјализирано кафе. Резултатот е богато вкусно кафе кое е нежно на вашето непце, со елементи на чоколадо и карамела.