Многу често жените се наоѓаат во дилема што е она што им е најпотребно во козметичката торба, кои се производите кои се неопходни за да една дама изгледа секогаш свежо, средено и убаво. Тука издвоивме некои од нив.

Коректор за лице

Коректорот е број еден помагало за да ги сокриете сите неправилности на кожата како што се акни, флеки на кожата, со цел Вашето лице да изгледа свежо и чисто. Со него шминката ќе изгледа многу подобро, а ќе Ви биде и добра основа за пудра. Тоа што Вашата пудра не може да го сокрие, коректорот дефинитивно може.

Nudebynature pressed powder

Руменило за лице

Без разлика дали Вашиот начин на шминкање е нежен и едноставен или впечатлив, руменилото е важен производ кој треба да го имате во Вашиот несесер. Руменилото ќе ги истакне образите и јагодиците и ќе го оживее лицето. Изберете руменило според бојата на кожата.

Сунѓерчиња за нанесување пудра

Можеби сте забележале дека сите професионални шминери како и на сите make up туториал видеа на Јутјуб, пудрата се нанесува со специјални сунѓерчиња за нанедување на пудра, или со четки, а не со прсти. Овие специјални сунѓери имаат форма на јајце каде долниот дел е здебелен, а врвот потенок и заоблен. Со долниот поширокиот дел пудрата се нанесува на целото лице, додека со потенкиот заоблен се нанесува на краевите и аглите околу носот, очите каде е потешко да се нанесе. Имајте во предвид дека сунѓерот после секое нанесување на пудра мора добро да го исперете.

Маскара

Долги и густи трепки се сон на секоја жена – за дa го постигнете овој резултат маскарата е многу битен дел од Вашата козметика. Маскарата ќе им даде прекрасен финален изглед на Вашите очи, може да ја нанесувате и со едноставна и со впечатлива шминка.

Selective Focus Photo of Mascara

Црвен кармин и сјај за усни

Слободно нанесувајте го црвениот кармин и во дневни и вечерни варијанти – тој нека биде заводливиот печат на Вашите усни. Тој ќе се сложи со секој аутфит и ќе направи да се чувствувате женствено и самоуверено. Не мора секогаш да бирате жар црвена нијанса, изберете понежна или потемна, односно изберете ја нијансата која одговара со бојата на Вашето лице.

За секојдневна употреба користете сјај за усни без разлика дали ќе биде безбоен или во некоја нежна нијанса, тој ќе му даде свежина на Вашиот изглед.

person holding lipstick

Мицерална вода

Таа и многу битен дел од Вашата козметичка торба, бидејќи ќе ја отстрани Вашата шминка со само еден потег. После неа не морате да го одмивате лицето, бидејќи таа е сосема доволна да го остави Вашето лице свежо и чисто.

Средство за чистење на лице

Многу е важно да Вашето лице секоја вечер пред спиење го чистите од целата таа прашина што се лепи во текот на денот. Пред спиење порите треба да бидат добро прочистени. Затоа одберете лосион за лице според Вашата кожа, во зависност дали е сува, мрсна, проблематична и редовно употреувајте го.

woman holding white plastic bottle

Шампон за суво миење на косата

Вашата коса е мрсна, безживотна, а Вие итно мора да излезете? Немате време да ја миете Вашата коса? Во вакви случаи Ваш идеален спас е сувиот шампон за миење на косата. Тој е во налик на спреј и го отстранува вишокот маснотии од косата, непријатните мириси, ја чисти кожата на главата. Имајте во предвид дека ова е само привремено решение…

Маска за коса

Малку регенерација на косата нема да и штети. За да полесно ја исчешлате косата, за поголем сјај, мекост користете маска за коса. Затоа немојте да штедите и набавете квалитетна маска за коса, која ќе ја освежи Вашата коса.

Четка за коса

Од тоа каква четка за коса користите многу зависи здравјето на Вашата коса. Препорачуваме дрвена четка со што поголем размак помеѓу запците. Колку почесто ја чешлате Вашата коса толку ќе биде поздрава.

Vieneto lipid bottle

Спреј за уста

За да се чуствувате пријатно, да се ослободите од лошиот здив, особено ако сте пушач или имате некој болен заб, ова е неопходен дел од Вашата козметика.

Млеко за тело

Особено во зимкиот период кожата на телото е секогаш сува и и е потребна голема хидратација и поголемо освежување. Затоа ако имате желба да Вашата кожа биде мека и нежна после туширање и да мириса убаво користете млеко за тело.