Модниот маратон во Њујорк започна традиционално. Своите врвни модели ги презентираа многу славни модни брендови како што се Tom Ford, Michael Kors, Mark Jacobs, Rodarte, Zimmermann, Proenza Schouler, Oscar de la Renta, Longchamp, Brandon Maxwell. Ги сумиравме резултатите па, погледнете кои бea главните обележја и што ќе носиме сезоната 2020/21.
Невообичаени и интересни исечоци
Во новата сезона на модата, навистина впечатливи и чести беа невообичаените исечоци околу половината на моделите. Така да, сега при изборот на елегантен и женски фустан прво нешто што треба да внимавате се присуството на овие исечоци во различни форми и облици. Многу дизајнерски брендови покажаа вакви модели(Дион Ли, Прабал Гурунг, Каит).
Панделки и ленти
Буржоаската естетика повторно остава свој белег врз новата модна сезона. Дизајнерите продолжуваат да бараат инспирација во минатото, преку различни модели декорирани со панделки. Свилени блузи декорирани со ленти и панделки, џемпери…
Пончо
За следната зима, наместо плетени џемпери и преголеми палта, хит ќе бидат наметките ,,пончо“. Интересни варијации на оваа тема се прикажаа во колекциите на Зимерман, Колекцијата на Мајкл Корс и Бевза.
Проѕирни и полупроѕирни ткаенини
Лесно можеше да се забележи дека фокусот на врвните дизејнери и следнава сезона е на проѕирните ткаенини како што е чипката, тул, свила, мрежа. Деликатни ткаенини најчесто се забележуваат кај дизајните на Том Форд, Јејсон Ву, Родард.
Градник
Предизвикувачките ,,топ“ делови од типот на градник што минатата година се здоби со популарност благодарение на Кејти Холмс, продолжуваат да се појавуваат во колекциите на брендовите во различни интерпретации.
Извор: women.bg
Следетене на