Предобра клима, храна, преубави градови – ова е сликата за Европа. Меѓутоа, според од сите преубави градови на овој континет, само неколку се најдоа на врвот на листата на најпосетувани градови за годината што измина. Кои се тие?

Лондон, Англија – 20 милиони посетители во текот на годината

photo of Elizabeth Tower, London

Big Ben, Tower Bridge, London Eye и Buckingham Palace, Музејот Madame Tussauds, National Gallery of Art каде се сместени грандиозните дела на Михеланџело, Рембрант, Рубенс. Овој град е седиште на литературата и културата, гламурот и историјата. Тука ќе најдете голем број на бесплатни музеи, може да се посетат катедралите. Прекрасна храна, а љубителите на олдтајмерите тука сигурно уживаат.

Париз, Франција – 15 милони посетители во годината

Eiffel Tower, Paris France

Париз е градот на светлината, љубовта, романтиката и културата. Главниот град на модата, операта и музеите. Париз секогаш бил дестинација на многу трговци, студенти,  но неговиот туризам во правата смисла на зборот започнал по изградбата на првата железничка станица во 1848 година. Сепак, една од првите “мас” атракции што го привлече светското внимание е Ајфеловата Кула.

Рим, Италија – 10 милиони посетители во текот на годината

white concrete cathedral

Поради старите градби и архитектурата Рим е град под заштита на УНЕСКО, најпопуларна туристичка атракција во Италија. Место на пицата и пастата, место на културата и модата. Рим е градот каде се плете уметноста, традицијата и модерното време. Можеби затоа е на третото место според бројот на посетители.

Прага, Чешка – 8.5 милиони посетители во текот на годината

multicolored city skyline at daytime

Прага е наречен ,,Златниот град на Чешка“, градот на најголемиот замок во светот, градот на пивото, на науката. Ноќен живот, прекрасни музеи, историска архитектура.

Берлин, Германија – 6 милиони посетители во текот на годината

time-lapse photography of vehicle at the road in between the building at nighttime aerial photography

Вистински град метропола, центарот на ноќниот живот, архитектурата и културата. Еден од ,,најзелените“ градови, каде над 60% од неговата површина се паркови и реки. Берлин – домот на  Берлинскиот ѕид, Меморијалната црква, Дворецот Сансуси, Дворецот Шарлотенбург, Брандербушката порта, Рајхстагот, место на најубавите галерии и филхармонии.